Над 20 значајни филмски фестивали од целиот свет, вклучувајќи ги Кан и Санденс, се здружија за да се прикажуваат филмови бесплатно на YouTube. Ова доаѓа откако пандемијата на коронавирус резултираше со откажување на одржувањето на филмските фестивали низ целиот свет.
Овој потег е дел од „Ние сме еден: Глобален филмски фестивал“, 10-дневен настан на кој ќе се прикаже избор на играни филмови, куси, документарни, музички, комедии и панел дискусии. Виртуелниот фестивал ќе започне на 29 мај и ќе трае до 7 јуни. На него ќе бидат прикажани филмови од фестивали како Кан, Санденс, Интернешнл Торонто, Берлин Интернационал, Трибека и Венеција.
Гледачите ќе можат да донираат во Фондот за на солидарност за „Ковид-19“ на Светската здравствена организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.