Предлог-буџетот за културата за 2022-ра година изнесува три милијарди 855 милиони 548 илјади денари или 62 милиона 692 илјади евра. Тоа е скоро 10 милиони евра повеќе од буџетот со кој располагавме оваа година, напиша на својот фејсбук профил минстерката за култура Ирена Стефоска.
За поддршка на проекти од Национален интерес во културата за 2022-ра, од буџетот се издвоени над 17 милиони евра. Тоа е над 1 и пол милион евра повеќе за оваа намена од средствата со кои располагавме за проектите во оваа година.
Во фокусот на буџетот за 2022-ра се капиталните инвестиции и санации во културата во висина од близу 10 милиони евра . Овие средства се наменети за:
-втората фаза од изградбата на Турскиот театар во Скопје,
-реализација на следната фаза од изградбата на Театар и библиотека во Тетово,
-завршни работи на Театарот во Струмица,
-втора фаза од реконструкцијата на Театарот во Куманово,
-втора фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Кочани,
-втора фаза од реконструкцијата на Центарот за култура во Гостивар,
-реконструкција и санација на покривот на Националната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски во Скопје, како и за други проекти кои ќе бидат одобрени во годишната програма од областа на инвестициите за 2022 година наменети за објектите во кои се сместени културните установи.
Заштитата на културното наследство останува наш врвен приоритет. За таа цел, оваа година буџетот на Министерството и на Управата за заштита на културното наследство е близу 194 милиони денари или 3 милиони и 200 илјади евра.
За програмата Културно наследство во опасност, која ја поставивме за прв пат во буџетот за оваа година, останува истата висина на средствата -12 милиони денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.