Над 100 вработени во повеќе уметнички установи, на кои платите им се намалени повеќе од една година, согласно Колективниот договор и покрај одлуката на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот, не добија повисоки износи и разлики на платите во јули, реагираат од Синдикатот за култура. Од таму велат дека Министерството за култура сеуште не ја известило Владата за потребата од дополнителни исплати, а требало да го стори тоа на почетокот на јуни, објави Телма.
За жал Министерството киксираше и едноставно не ја испрати на време информацијата до Владата и поради тоа откако веќе е распишан изборниот процес и за време на изборниот процес Министерството за финансии законски не смее да издејствува повеќе сретства за ова да биде спроведено – Гоце Павловски – Генерален секретар на СКРМ.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.