НУ Национален конзерваторски центар – Скопје, со свеченост ја одбележа 70 годишнината од формирањето.

Националниот конзерваторски центар е како најстара организација од областа на заштитата на културното наследство во нашата земја и има фундаментално значење и за образовната и научната сфера од оваа област.

Свесни сме за значењето на културното наслетство кое е во приоритетите на Стратегијата за култура на оваа Влада, но исто така сме свесни и за предизвиците и тешкотиите со кои се соочуваме во спроведување на зацртаните цели. Тие приротети се високо позционирани во европските вредности кои стремиме да ги достигнеме, па затоа не се откажуваме. Уверен сум дека заеднички со фелата имаме капацитети да ги надмениме пропустите во оваа сфера што се однесуваат на статусот на кадарот, како и на недостатокот од кадар, на дел во нормативните решенија, на што сведоци сме засилено се работи во неколку групи во Министерството за култура, рече министерот Исмаили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.