Националната опера и балет донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените во Министерството за култура.
Националната опера и балет донираше 162 заштитни маски од свое производство за вработените во Министерството за култура, акција која ќе продолжи и овие денови.
Нашите соработници во шивалните ќе изготват уште 1000 заштитни маски кои во соработка со Кризниот штаб на Владата, ќе ги донираат за оние на кои им се најпотребни.
На овој начин, Националната опера и балет и практично придонесува во борбата против светската пандемија на коронавирусот, покрај редовното споделување на оперско-балетскиот репертоар на нашиот YouTube канал, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.