Дождот не ги спречи да дојдат во голем број присутните на зелениот покрив на Домот на градежниците каде беа промовирани сликовниците „Бидејќи сум дете“, „Стефан во магичниот град“ и „Стефан на прошетка со Ками во Египет“ од Александра Велинова.
Авторката вели дека поминале пријатни мигови со дечињата и возрасните кои присуствувале на промоцијата во прекрасниот амбиент на зелениот покрив на Домот на градежниците.
Средбата беше интерактивна, како што се впрочем и самите книги, со разговор и побуди интерес и кај најмалите и кај возрасните, вели Велинова.
Промотор на сликовниците е Марина Мијаковска, а истите може да се набават во книжарниците на „Култура“ и на „Едука мак“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.