На вработените во ЈНУ Институт за филм – филмска академија – Охрид сè уште не им е исплатена платата за месец септември и покрај законската обврска за исплата на плати најдоцна до 15 следниот месец, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, додавајќи дека власта предводена од СДСМ воопшто не се грижи за подобар живот и повеќе пари за граѓаните во време на пандемија.

Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска наместо да ги решаваат проблемите во образованието тие создаваат нови. Пратеничката од власта, Жаклина Лазаревска, како претседател на Комисијата за образование, наука и спорт воопште не презема никакви мерки за исплаќање на задоцнетите плати на вработените. Како што локалната власт и градоначалникот Константин Георгиески си поигруваа со платите во образованието така и неговите ментори го уништуваат тоа што претходно се направило. За жал, со власта на СДСМ уште долго време нема да нѐ има на Шангајската листа, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ Охрид и бараат итно да им биде исплатена задоцнетата плата за месец септември на вработените во Филмската академија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.