Во рамки на програмата Македонска продукција на 22. Издание на Скопје филм фестивал, синоќа беа прикажани три краткометражни филмови од најновата македонска продукција.
„Неонски срца“ во режија на Ана Јакимска, по нејзино сценарио во соработка со Диана Воинеа од Романија е современа приказна за еден средовечен геј маж кој живее двоен живот и почнува да се сомнева дека својата „настраност“ ја вовел во семејството. Јордан Симонов е во главната улога, а дел од актерската екипа се и Гордана Ендровска, Симеон Дамевски, Симон Палитов, Гзим Жерка.
Јакимска веќе имаше успех со својот претходен краток филм „Ќе дојдат децата“ кој беше номиниран за најдобар краток игран филм на Меѓународниот филмски фестивал во Шангај во 2017, а беше прикажан и награден на многу филмски фестивали ширум светот. Таа е автор на два кратки играни филмови („Ќе дојдат децата“, „Надвор е ладно“), еден краток документарен филм („Би се викал Барбара“) и неколку музички видеа.
„И(с)згубени“ на режисерот од Охрид, Антонио Велјановски е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во поштата, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.
Главните улоги во филмот ги толкуваат легендарниот чешки актер Јан Качер и позната чешка актерка Марие Дурнова.
Авторската екипа на филмот ја сочинуваат: сценарио и режија Антонио Велјаноски; директор на фотографија Владимир Димоски; сценограф и костимограф Катерина Јирманова; Монтажа Лука Џикановиќ и Антонио Велјаноски; композитор Игор Василев Новоградска; продуцент на сет Зоран Вељаноски Летра. Продуцент на филмот е Елена Станишева.
Филмот е во копродукција со ФАМУ и ФАМУ Студиото од Чешка.
Во краткиот филм „Запирка“ на режисерот Сезер Салихи е со актеритеАнастас Тановски и Синоличка Трпкова. Сценариото е на Салихи и Амед Коркмаз, продуцент е Генц Халими, кој е и директор на фотографија.
Режисерот Сезер Салихи завршил филмска режија на Истанбул Комерс Универзитетот, а роден е во Скопје, неговиот претходен краток филм е „Јуџелџилер“.
Авторските екипи на филмовите по проекциите се поклонија пред публиката во кино „Фросина“.
Потсетуваме дека утре (понеделник 22.04) по проекцијата на филмот „Киселина“ во 20 часот во кино Фросина, на прашања од публиката ќе одговоара гостинаката на фестивалот, актерката Анастасија Евграфова.
Програма за 21 април:
Кино Фросина
18:00 СВЕТОТ Е ТВОЈ /THE WORLD IS YOURS France, 2018, 94 min.
Режија/Director: Romain Gavras
Улоги/Cast: Karim Leklou, Vincent Cassel, Isabelle Adjani
20:00 ГРЕТА / GRETA Brazil, 2019, 97 min.
Режија/Director: Armando Praça
Улоги/Cast: Marco Nanini, Denise Weinberg, Gretta Sttar
*слободен влез
22:00 ФАРЕНХАЈТ 11/9 FAHRENHEIT 11/9 USA, 2018, 128 min.
документарен филм
Режија/Director: Michael Moore
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.