Влезницата за локалитетот Плаошник во Охрид е за дури 50 отсто поевтина ако се купи голема свеќа, бидејќи наплатувачот така своеволно проценува дека посетителот негува длабоки и искрени чувства кон светителите во храмот, објави СДК.мк.

Таквите посетители наместо 100, плаќаат 50 денари. На ваквиот однос, што го сметаат за дискриминаторски, реагираат лиценцирани водичи на странски туристи.

За порталот лиценциран водич раскажува дека бугарски туристи платиле 50 денари влезница, а холандските туристи-100. Објаснувањето било дека „Бугарите биле православни верници и најверојатно купувале повеќе работи во црквата отколку другите, во случајов, холандските туристи“.

Завод и Музеј во Охрид веќе со години не ги одредуваат цените на влезниците на Плаошник, туку тој е во надлежност на МПЦ.

Целиот текст овде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.