Вечерва во салонот на Националната опера и балет со почеток во 20,30 часот ќе се одигра балетската претстава „Сви марп на плес“. Балетскиот ансамбл го сочинуваат танчери од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија: Бранко Митревиќ, Јакша Филиповац, Лука Живковиќ, Енди Шротер, Емир Фејзлиќ, Мојца Мајцен, Теодора Радивојевиќ, Зулејха Кецо и Ана Кузмановиќ. Кореограф е Игор Киров, драматург Горан Головко, музиката е на „Бјело Дугме“, а светло мајстор е Амир Ахиќ.
Балетската претстава „Сви марш на плес“ нè води во електричен и измислен свет во кој песните на култниот екс-ју бенд „Бјело Дугме“ стануваат основа за раскажување на приказни за едно време и една генерација. Како што љубовта е тема во повеќето песни на Бјело Дугме, така не можеме да избегаме од фактот дека сржта на оваа претстава е токму љубовта и љубовните односи, од оние за кои копнееме, до оние за кои живееме, и оние кои кои се на издишување или припаѓаат на носталгичниот одраз на нивните херои. Инспирација за атмосферата на претставата добивме од спотовите на бендот – енергични, разиграни, целосно во духот на светските трендови на рок сцената. Рок во поранешна Југославија беше симбол на еманципација на младите и напредок на општеството, додека предзнакот пасторално алудираше на руралниот контекст на општеството кое сè уште не е целосно зрело, но има свои позитивни страни – чистотата и наивноста на детето. Во тие позитивни страни всушност и постанува звукот на Бјело Дугме кој успешно комбинира традиционални со современи елементи, препознатливи локални со алтернативни рокенрол звуци, вели македонскиот кореогаф со меѓунаордна кариера, Киров.
Претставата во саботата се изведе на Охридско лето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.