Свеченоста со доделувањето на Оскарите ќе се случи со физичко присуство, без видеоврски преку „Зум“ и други видеоплатформи.

Имено, настанот ќе се пренесува истовремено од „Долби театарот“ и од железничката станица „Јунион стејшн“ во Лос Анџелес, поради потребата од поголем простор. Сите номинирани ќе имаат можност за присуство на гала-свеченоста на просторот околу „Јунион“, а останатите елементи на шоуто ќе се случуваат во „Долби театар“.

Тие, како и другите учесници, пред свеченоста ќе бидат тестирани на Ковид-19, а ќе има и специјални тимови за запазување на корона-мерките.

Доделувањето ќе се случи на 25 април.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.