Во главниот град на Косово, по тешко боледување, денеска на 51-годишна возраст почина истакнатата филмска и театарска режисерка, Бурбуќе Бериша, која е по потекло од Скопје.
Бериша е автор и режисер на неколку играни филмски проекти, реализирани главно во Косово, каде што се школуваше и го помина поголемит дел од работниот век.
Нејзини попознати дела, од кои некои имаат добиено и меѓународни признанија, се играните филмови „Косово 9/11“, „Суџук опен“ и „Приштинска приказна“, телевизиската серија „Лекси во градот“, а има снимено и неколку документарни филмови. Освен тоа, има поставено неколку претстави на театарски сцени во Косово, Македонија и Албанија.
За идната година таа се подготвуваше да постави една претстава на сцената на Националната институција Албански театар во Скопје.
Покрај како сценаристка и режисерка, Бериша има работено и како професор по режија, менаџер на кутурни инситутции, продуцент во филмската куќа „Косова филм“ и директорка на Националниот театар на Косово.
Бериша почина на нејзиното последно работно место, во Министерството за култура на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.