На 25 јануари на специјална проекција во словенечката Кинотека, првпат во Љубљана ќе се одржи проекција на „Медена земја”. Филмот кој е наш двоен кандидат за „Оскар” ќе биде прикажан само еднаш и тоа како дел од фестивалот „балКам”. На проекцијата ќе биде присутен и дел од тимот кој работеше на филмот.
Веста дека документарен филм од Македонија првпат во историјата на оскарите има двојна номинација не остана незабележано во словенечките медиуми, кои пишуваа за големиот успех.
Во промоцијата на „Медена земја” се приклучи и Амбасадата на Македонија во Словенија, која откупи дел од местата во Кинотеката за да бидат поканети и филмот да го видат другите амбасадори во Љубљана, но и дел од словенечкиот политички врв.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.