На 100-годишна возраст, вчера во Скопје почина академик проф. д-р Ѓорѓи Филиповски, еден од основачите на МАНУ во 1967 година.

Академик Филиповски на 6 мај годинава наполни 100 години. По тој повод МАНУ одржа свеченост.

Филиповски објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во наши и странски списанија. Трудовите му се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите.

Комеморацијата за академик Филиповски ќе се одржи утре во МАНУ во 11 часот, а погребот е во 13 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.