„Музичко патување“ е насловен концертот што ќе се одржи вечер во Филхармонија. Репертоарот е составен од концертот за кларинет и виола оп.88 од Брух и Симфонијата бр.4 –„Италијанска“ од Менделсон. Солисти се Здравко Ангелов (кларинет) и Илза Бафтиари (виола), а диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија.
Макс Брух е познат по неговите опери, три симфонии, три виолински концерти, како и хорска музика. Неговиот музички јазик е инспириран од германската романтична традиција и е сосема спротивен на т.н. нова музика која ја создаваа Лист, Вагнер и Малер. Концертот за виола и кларинет го напишал за својот син Макс Феликс Брух, кој бил многу талентиран кларинетист.
Менделсон живеел во време кога голем број филозофи сметале дека климата влијае на човечкиот карактер, јазикот, културата. Во Симфонијата бр.4, тој успеал да креиера симфониска драма инспирирана од пејзажите на Италија, од нејзината култура и начинот на живеење, информираат од Филхармонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.