По „Македонска рок енциклопедија“ и „Македонска дискографија-винили 1958-2019“, долгогодишниот музички новинар и хроничар Тошо Филиповски го промовираше третото капитално дело за домашната музичка сцена за период од неполни четири години – „Македонски рок времеплов“.

Во „Македонски рок времеплов“, авторот и хроничар Филиповски издвоил стотици значајни датуми за македонската рок сцена и преку хронологија на луѓе, концерти, албуми, па дури и локални настани укажува на тоа колку таа всушност била и сѐ уште е богата.

Внатре ставив дека ова е прв том кога сфатив дека приказната со забележување датуми не може да биде завршена. Музиката и културата се живи процеси и цело време нешто се создава. Некои идни генерации можеби ќе ја продолжат оваа приказна, кажа Филиповски на промоцијата на книгата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.