Со цел да ја поттикне и унапреди научно-истражувачката дејност во областа на музикологијата, етномузикологијата, музичката византологија, танцовата уметност, музичката педагогија, музиката и поезијата, музиката и медиумите, Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ организира музички средби во СОКОМ на тема: „Македонското музичко творештво – сегашност и минато“.

Средбите ќе се одржат на 13 декември 2019 година (петок), во просториите на СОКОМ со почеток во 11 часот. На настанот ќе учествуваат Јане Коџабашија, Емилија Џипунова, Јулијана Жабева – Папазова, Весна Малјановска, Даница Стојанова и Мирјана Павловска – Шулајковска. Со презентација на нивните научни трудови ќе бидат разгледани разни сегменти од областа на македонското музичко творештво: византиска музичка традиција, современата танцова култура, современото македонско творештво, музиколошките истражувања и нивната реализација, како и творештвото на македонските композитори на концертните подиуми и телевизиската програма, со што воедно ќе се оствари придонес кон одбележувањето на јубилеите на македонските композитори Томислав Зографски и Гоце Коларовски. Координатор на проектот е д-р Мирјана Павловска – Шулајковска.

П Р О Г Р А М А
13.12.2019 г. (во просториите на СОКОМ)

11:00 – 11:15 Свечено отворање

11:15–13:00 Претседавач: проф. д-р Јане Коџабашија, в.д. председател на СОКОМ

м-р Даница Стојанова: Суитата во музиката за пијано на македонските композитори Томислав Зографски и Гоце Коларовски
(кон одбележувањето на јубилеите: 85 години од раѓањето на Томислав Зографски и 60 години од раѓањето на Гоце Коларовски)

м-р Весна Малјановска: Творештвото на композиторот Гоце Коларовски во телевизискиот медиум

д-р Јане Коџабашија: Георги Казана (1856 – 1938): живот и дело

Емилија Џипунова: Современиот балет и неговата рефлексија врз современата танцова култура во Македонија

д-р Јулијана Жабева-Папазова: Процесот на создавање на зборникот посветен на јубилејот 70 години од основањето на СОКОМ

д-р Мирјана Павловска-Шулајковска: Современото македонско музичко творештво создадено во духот на византиската традиција

13:00 – 13:30 Дискусија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.