Музејот на град Скопје во пресрет на големиот празник 13 Ноември – денот на ослободувањето на градот Скопје ја подготви изложбата „Споменар на историски места од НОБ во Скопје и Скопско (1941-1945). Со изложбата се одбележува и јубилејот 80 години од почетокот на Народно ослободителната борба (НОБ) во Македонија.

По повод празникот на градот, во организација на Државниот архив на Република Македонија, во Музејот ќе се отвори и изложбата „Скопска градска општина“.

Отворањето на изложбите ќе биде на 12 ноември, петок во 12:00 часот во Музејот на град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.