Музеј на град Скопје со изложбата “Скопски матерјални и духовни проблесоци” – фотографии на предмети од збирките на музејот, ќе гостува во реномираниот “Panorama 1326 Bursa Fetih Müzesi” во Бурса, Р. Турција од 07.05. до 07.06.2019 година.

Автори на изложба: Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски, фотографии: Станимир Неделковски, а текстови за изложбата напишаа Проф.д-р Ферид Мухиќ, Драгица Живкова и м-р Игор Кузманоски.

1. Путир, 12 век

Највозвишеното чувство – побожноста – преточена во овој пехар за причестување на Евхаристијата, отсекогаш инспирирал и желба за споделување на светиот занес со сите луѓе. Искован во 12 век, путирот и денес го повикува “секој што ќе го држи в раце да пие со задоволство – од Божјата милост”, со истата искреност со која тоа го правел и неговиот сопственик пред 800 години, кога го подарил на црквата кај Скопското кале.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.