Музејот на современа уметност продолжува да комуницира преку социјалните мрежи во време на карантин и коронавирус.

Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи. Продолжуваме со „прелистување“ дела од колекцијата на Музејот. Поштенски марки инспирирани од Колекцијата на МСУ – Скопје. МСУ Скопје е еден од ретките Музеи познат и во кругот на филателистите.

На 10 декември 1986 година, Поштата на Југославија издаде серија поштенски марки насловена „Модерно сликарство“, единствена со таков наслов во историјата на поштенски марки на Југославија. Беа издадени пет поштенски марки во серијата, сите репродукции на дела од колекцијата на МСУ – Скопје. Селектираните дела беа „Мртва природа“ од чешкиот сликар Франтишек Музика, „Метеж“ од Шпанецот Рафаел Каногар, „Глава на жена“ од францускиот уметник Бернар Бифе, маслото на платно на францускиот Унгарец Виктор Вазарели со наслов „ИОЛ“и најпознатото дело од Музејот, „Глава на жена“ од Пабло Пикасо.

Дизајнот за марките е изработен од тогашниот стандарден дизајнер на Поштата на СФРЈ, охриѓанецот Димитрије Чудов, велат оттаму.

Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи.
Продолжуваме со…

Posted by Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje on Monday, April 20, 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.