Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи! Во овие две недели ќе „прелистуваме“ дела од колекцијата на Музејот, најавија од Музејот на современа уметност во Скопје.

„Последната голтка“ на Пјер Алешински, масло на хартија од 1963 година е едно од делата кои се претставени на социјалните мрежи додека траат мерките на Владата за седење во домовите поради заштитата од корона вирусот.

Пјер Алешински е уште еден од големите живи и активни автори,.

Мрачниот меѓусвет, во кој она што е внатре и она што е надвор не се разликува, е една од централните теми на оној правец во уметноста кој го нарекуваат енформел. Младиот белгијанец Пјер Алешински е најмлад член на Кобра, (КОпенхаген, БРисел, Амстердам), уметничка група која оди чекор понатаму и покрај тоа што рано се распаѓа, го обележува развојот на уметноста во педесетитте и подоцна. Неговото масло на хартија „Последната голтка“, реализирано во 1963 година, голем формат, е типично за неговата преокупација – човек-змија кој сам себе се истражува, од сите страни, овојпат, голтајќи ја својата последна голтка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.