Монографска изложба „Помеѓу зборот и сонот“ од академската сликарка Наташа Андонова вечер во 19 часот ќе биде претставена во изложбениот салон на МКЦ-Скопје.
Настанот, што го организираат Музеј на град Скопје и Град Скопје, е во рамките на циклусот Калеидоскоп од КреАрт проектот.
На изложбата ќе бидат претставени илустрации за детски бајки и приказни, каде Наташа оттргнувајќи ги од светот на фантазијата создава нови визуелни приказни во кои волшебно ги разигрува мноштвото нејзини јунаци, информираат организаторите.
Од 2017 Град Скопје е еден од 12-те европски градови вмрежени во проектот CreArt (Network of Cities for Artistic Creation).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.