Во рамките на најновото издание на МОТ вечерва, 20 ноември (сабота) во МНТ, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена претставата Мојот маж / Југословенско драмско позориште, Белград (СРБ), режија: Јована Томиќ

Јована Томиќ гради многу јасна, концизна и до крај чиста претстава. Во оваа режија има елементи на Бергман и на Вуди Ален во исто време.
Во претставата публиката е гостин, а двете жени се домаќинки. Во секоја смисла. И како домаќинки какo што се означени жените во некоја дехуманизирана првична асоцијација, но и домаќинки на настан што има за цел да ги отвори нивните проблеми. Повремено пиранделовски се наметнуваат тие рамки меѓу кои актерките оживуваат типови на „жени, мајки, кралици“ во најизлитениот облик на оваа исклучително деструктивна фраза, но во исто време ја гради таа кула од страсти, констернации и инсинуации во сложеното пулсирање на односот маж–жена.

Всушност, шовинистите мразат жени, а фемистките не мразат мажи, туку едноставно не сакаат патријархат што ги третира како граѓани од втор ред, вели Румена Бужаровска

Кабли / Theater am Lend, Грац (АУТ) е втората претстава која вечерва ќе се изведе на МОТ. Режијата е на Франц фон Стролхен, 22 часот, МКЦ, сала 25 Маj

Џејмс Кејблс повторно на турнеја! По речиси две години присилно отсуство од сцената, македонскиот артист подготвува настап за домашната публика во Скопје на која што ќе го презентира долгоочекуваниот нов албум.
Новиот перформанс на Франц Стролхен – „Кабли“ започнува како спектакуларен концерт на Џејмс Кејблс, а завршува со филозофски рефлексии на кабли, адаптери и врски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.