По шесте изданија на збирката раскази „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, објавен е и првиот превод на оваа книга на албански јазик. Преводот од македонски е на Крешник Ајдини, а јазичната редакција на албанскиот писател Аријан Лека.
Оваа збирка ракази на Бужаровска стекна голема популарност во регионот, преведена е и на англиски, италијански и унгарски, а за март наредната година е најавена објава и на германски јазик. Театарски претстави според овие раскази се поставени во Љубљана и Скопје.
Изданието на албански јазик на книгата на Бужаровска „Мојот маж“ е на издавачката куќа „Или-Или“.
Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010), Мојот маж (2014) и Не одам никаде (2018), книгата мали фикции Спиј (2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (2012). Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Во 2018 година беше стипендистка на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.