Претставата „Мојот маж“ на Словенско народно гледалишче нема да се одигра на Млад отворен театар (МОТ) поради ковид-19 позитивни членови на ансамблот, соопшти организаторот, Младински културен центар (МКЦ).
Неизвесноста на функционирање кое ја наметнува пандемијата го смени репертоарот на 46. МОТ. Со жалење ве информираме дека претставата „Мојот маж“ на Словенско народно гледалишче од Љубљана е откажана поради позитивни членови на ансамблот. Според разговорите и значењето на претставата за мотовската публика, се надеваме и правиме напори изведбата на претставата да се реализира до крајот на оваа година, велат од МКЦ.
Претставата „Мојот маж“ на СНД е работена според расказите на македонската писатека Румена Бужаровска.
МКЦ најави три изведби на „Мојот маж“ на Југословенско драмско позориште од Белград, Словенско народно гледалишче, Љубљана и на Драмскиот театар од Скопје дека ќе бидат дел од програмата на 46. Млад отворен театар кој почнува утре, на 18 ноември со „Како крајот и да не е сосема блиску“ на Битеф театар. Претставата ќе се игра на сцената на МНТ во 20 и 22 часот.
Српската „Мојот маж“ во режија на Јована Томиќ е на 20 ноември (сабота) во Драмски театар (20 часот), а македонската на Нела Витошевиќ е следниот ден, на 21 ноември, исто така на сцената на Драмски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.