Во угледниот неделник „Шпигел“ за книга на неделата е избрана збирката раскази „Мојот маж“, бестселер на македонската писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска. Книгата во Македонија во 2014 ја издаде „Или-или“, а германското издание во превод на Бенјамин Лангер, излезе на 7 март годинава при реномираната издавачка куќа „Зуркамп“.
Румена Бужаровска е Македонка која напиша вистински бестелер со раскази за 11 мажи. Книгата е забавна за читање затоа што е толку лута, затоа што е толку полемична. И никогаш не сум прочитала сексуални сцени толку смешни како оние кај Бужаровска, кога сè оди наопаку“…„Единаесет приказни: Никогаш не е истиот маж или истата жена. Но, секоја приказна ја раскажува жена и е за нејзиниот сопруг. Тој веќе може да биде мртов. Може да биде гинеколог, уметник, дипломат. Но, секогаш станува збор за брак или семеен пекол, што овие жени го опишуваат. Тоа се глупави лажговци, мажите, мачорите, кои ги изневерувале. А, она што започнало убаво како љубов, тргнало наопаку. И така, секогаш постои подгласок на тага меѓу овие лути приказни. Имаше љубов таму некогаш. Некогаш беше убаво. Како се изгуби сето тоа?, пишува во рецензијата „Шпигел“.
Бужаровска (1981) година во Скопје. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како вонреден професор по американска книжевност на англиската катедра при истиот факултет.
Објавила четири збирки раскази: „Чкртки“ (Или-или, 2007), „Осмица“ (Блесок, 2010), „Мојот маж“ (Или-или, 2014) и „Не одам никаде“ (Или-или, 2018) како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот Блесок, 2012). Расказите ѝ се објавени во превод на англиски, хрватски, украински, српски и германски.
Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски.
„Мојот маж“ лани во Драмски театар во Скопје имаше премиера во режија на Нела Витошевиќ, а во октомври беше поставено во Словенско народно гледалишче (СНГ) Љубљана во режија на Ивана Ѓилас. Се поставува и во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград во режија на Јована Томиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.