НУ Македонска опера и балет вчера гостуваше во Центарот за култура во Гевгелија со целовечерен гала оперски концерт под диригентската палка на маестро Иван Еминовиќ.

На концертот на стапија првенците на операта Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Наде Талевска и Ана Ројдева, како и Зоран Сотиров, Ѓорѓи Цуцковски, Ристе Велков, Борис Трајанов со оркестарот на операта.

На програмата беа арии од оперите „Војводката на чардашот“, „Кармен“, „Риголето“, „Турандот“, „Мадам Батерфлај“, „Трубадур“, „Хофманови приказни“, „Травијата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.