Македонскиот народен театар со претставата „Само глас“  ќе гостува на 29. Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Претставата ќе се одигра на 11 септември  со почеток во 19:00 на сцената во театарот „Антон Панов“, Струмица.

Покрај МНТ на фестивалот годинава ќе учествуваат десет продукции од нашата земја и странство, меѓу кои се театарските куќи од: Србија, Бугарија и Хрватска.

Ова за МНТ и претставата „Само глас“ е трето фестивалско претставување, а  следното гостување на комуникациската модерна драма е предвидено за 12 октомври на Интернационалниот театарски фестивал Јоакимфест во Р Србија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.