Македонскиот народен театар претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Нина Николиќ ќе ја одигра на 21 јануари, на 20. уметнички фестивал „Средба во Пекинг“.
Тој е сеопфатен фестивал во организација на Министерството за култура и туризам на Народна Република Кина, градот Пекинг и Националната радио и телевизија, а предводен од Здружението за уметност и забава во Кина. Фестивалот успешно се одржува од 2000 г., со учество на повеќе од 30 илјади уметници од над 100 земји од целиот свет.
Овој фестивал е еден од најголемите уметнички фестивали во Кина, а во изминатите години на програмата се најдоа претстави, ликовни изложби, концерти, танци, настапи на отворено и активности за едукација на уметноста. Уметници од целиот свет ја презентираат својата култура; формите и содржините се разновидни, а фестивалот претставува одлична платформа за промовирање на кинеската уметност и култура низ светот, соопштија МНТ.
Во претставата играат: Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Дамјан Цветановски, Сашка Димитровска, Тина Трпкоска, Славиша Кајевски и Аксел Мехмед.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.