Македонскиот народен театар информира дека започна со санација на проодната тераса која се наоѓа на северно-источниот дел од првиот кат на објектот, Кон музејот на Холокаустот.

Се работи за зафат со кој ќе се надминат проблемите наследени од самото отворање на театарот, како и натамошното руинирање на објектот. Во изминатите години при обилни дождови беа предизвикувани материјални штети од протекување од терасата во главното фоаје.
Средствата, во износ од 1.200.000,00 денари се во рамките на Годишната програма за 2021 година на Министерството за култура. Искрено се радуваме што есенскиот дел од сезоната ќе го започнеме во безбеден и саниран објект. Во очекување на позитивни вести околу пандемијата од КОВИД-19, ние се подготвуваме повторно за полн салон, со широк репертоар, велат од МНТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.