Во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021 на 15 ноември (понеделник) ќе се одржи „Младински музички маратон“.

Настанот стартува од 20 часот во Музејот на македонската борба.

Учествуваат Милан Дучевски – пијано, Вероника Караколева – сопран, Ивона Базгаловска – пијано, Виктор Драганов – соло гитара, Ивана Игњатовиќ & Дамјан Илиевски – дуо гитари.

Настанот ќе се одржи согласно протоколите за одржување на настани. Поддржан е од
Министерство за култура и Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.