„Оскари во МКЦ (следење во живо) е настанот кој го организира Младинскиот културен центар (МКЦ) откако македонскиот филм „Медена земја“ успеа да добие две номинации за претстојните „Оскари“ – за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.
Настанот е закажан на 9 февруари, со почеток од 23 часот, во киното „Фросина“, ќе се одржи пренос во живо од 92. доделување на престижните филмски награди во театарот „Долби“ во Холивуд.
„Закажуваме пренос во живо на ‘Оскарите’! 9 февруари во киното ‘Фросина’. Повеќе инфо набргу…“, стои во кусата најава од МКЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.