Младински културен центар (МКЦ) од јуни оваа година па сè до април 2023 е дел од голем меѓународнот проект со наслов „Big Time Takeover“ развиен преку „Еразмус KA2 Програмата за соработка и инвовација и размена на добри пракси на Европската унија за стратешки партнерства кои вклучуваат образовни програми за млади“.
Продукт на дијалогот на локално ниво, како што информираат од МКЦ, е проектот „Градината како инструмент, пермакултура како методологија“ развиен во соработка со Хајан Алхалаби, познавач во областа на пермакултурата и соработник на граѓанската иницијатива „Бостание” и има задача да ги поттикне младите за креативно изразување преку уметнички пристап кон природата, користење на дигитални алатки во процесот кон пермакултурното градинарство, и развивање на одговорност за својот посед и принос од работата.
Главната цел е воспоставување на холистичка синтеза од различни пристапи за креативно поттикнување на младите, инспирирани од големото искуството на партнерите во проектот на локално, регионално и национално ниво.
Под водство на Associazione culturale Mulab од Италија, проектот е подржан од Национална агенција за млади на Италија, а ги вклучува партнерските организации Rinova Limited (Велика Британија), HFC-Hope for children CRC Policy Centar (Кипар) и Fundacija Arteria (Полска).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.