Македонскиот диригент Виктор Митревски ќе ја диригира операта „Свадбата на Фигаро” од В. А. Моцарт, во австрискиот град Вајдхофен ан дер Ибс. Продукцијата е во рамките на „Опера наоколу“ (Oper rund um). Митревски ќе води три изведби на Моцартовата опера – едната беше на 21 јули, а следуваат и двете претстави на 25 и 28 јули.
Станува збор за уметнички ансамбл кој од година во година се повеќе се етаблира на австриската музичка сцена преку изведба на оперски дела на нестрандардни и невообичаени места надвор од конвенционалната театарски подиум. Основач и режисер на „Опера наоколу“ е Ана Бернрајтнер. Jа имам и таа привилегија да соработувам со еден од најталентираните диригенти од помладата генерација во Австрија, Рафаел Шлуселберг, со кого соработувам веќе неколку години – вели Митревски.
Ова е веќе трета соработка со „Опера неоколу“ по „Дон Џовани” (2017) и „Грабнување од Сарајот” (2018) со која што ја освоивме престижната Наградa за австриски музички театар (Österreichischer Musiktheaterpreis 2018). Дел од изведбите ги превзема и новоформираниот оркестар „Виена ансамбл“ кој веќе свири ширум Европа.
По овој проект, Митревски ќе работи на детска опера во Виенскиот театар каде што диригира веќе трета година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.