Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски заедно со членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска по денешната средба со угостителите во Куманово во студиото Серафимовски се сретнаа и со уметниците и сликарите од Куманово.
Потпретседателот Мисајловски на средбата со Синиша Кашавелски – сликар и уметник и Боби Серафимовски – композитор поразговара за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат уметниците во Македонија.
При средбата потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски истакна загриженост за проблемите на фелата кои што ги засегаат уметниците, сликарите композиторите. Мисајлосвки ги сослуша уметниците и истакна дека им е неопходна помош во време на тешка економски криза поради последиците од корона пандемијата.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски истакна дека тој и ВМРО-ДПМНЕ им стојат на располагање на уметниците во Куманово им даде поддршка и истакна заложби за справување и борба на уметниците во време на тешка финансиска криза во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.