По спроведената внатрешна контрола од Секторот за инспекциски надзор, Министерството за култура ќе ги раскине договорите со корисници на одобрени проекти од минатата година , кои не доставиле доказ дека ги реализирале или дека за нив не доставиле коплетна документација, објави Телма.
Се работи за евидентирани вкупно 21 проект од музичката и музичко- сценската , фолклорната и интердисциплинарната дејност. Министерството ќе бара поврат на исплатените средства од корисниците на овие проекти, во вкупен износ од над 2 милиони и 500 илјади денари.
Целата постапка се пдвова пред надлежен судски орган за чиј исход Министерството за култура, како и корисниците имаат диолжност за постапување. Доколку корисникот не ги врати доделените средства, тој нема право на учество на конкурсите на Министерството за култура во следните три години – велат од Култура.
Дополнително, за 11 проекти од музичката и музичко – сценската дејност се врши инспекциски надзор и по неговото завршување инспекторот за култура ќе достави соодветни мерки за нивно разрешување. А, за 76 одобрени проекти од споменатите дејности, во периодот по ланските парламентарни избори во јули, се бара контрола за утврдување на законската основаност .
Во периодот, од 1 септември 2020 година до 31 јануари оваа година, во овој ресор беа раскинати договори за проекти, во вкупна вредност од над 70 милиони денари, по спроведена внатрешна ревизија. Таа и тогаш утврди дека одобрените проекти биле нереализирани или немале уредна документација.
Станува збор за одобрени проекти од претходниот министер Хисни Исмаили, кој отфрли секаква поврзаност со незаконско делување.
Со одлука на Владата, Министерството за култура ќе исплати сретства во висина од над 29, 5 милиони денари, за реализирани проекти од лани, од областа на фолклорот, музичката и музичко- сценската и интердисциплинарната дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.