Минисерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, порачува дека министерството за култура го презема функционирањето на „Мал Битолски Монмартр“.

Ваквата реакција на Костадиновска Стојчевска следува откако на социјалните медиуми беше објавен апел за спас на „Мал Битолски Монмартр“, по одлуката на министерството за образование дека по 40 години, ги стопира финансиските средствата за Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола, а со тоа и култниот светски бренд „Мал Битолски Монмартр“.

И понатаму ќе течат нивните активности така што учениците од 5 до 20 годишна возраст кои бесплатно ликовно ќе продолжат да се едуцирааат и го развиваат својот талент во нашите простории, но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг па до Португалија. Изминатите шест месеци нивните ученици зедоа учество на 1О светски детски ликовни конкурси и пет светски детски ликовни колонии кои освоиле над 85 награди – напиша Костадиновска Стојчевска на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.