Половина милион денари се доделени за Агим Ајрулари за „Концертот на староградски со модерен стил Агим и пријателите“ и 550.000 денари за Здружението на Албанците уметници и музичари „Лоренц Антони“ од Скопје за Фестивалот на народна и староградска музика „Лира“, како највисоковреднувани на последниот конкурс на Министерството за култура за манифестацијата „Нов културен бран“, што ќе се одржи од 20 септември до 15 ноември во целата земја.

За Фатон Ислами, проект „Наследство на Дерала“, од овој буџет се издвоени 150 00 денари. Името на Ислами соодветствува со името на авторот што доби средства за видеоспот за
навивачката група „Балисти“, во кој имаше навредувачка содржина и говор на омраза на конкурсот минатата година кога министер за култура беше Асаф Адеми.

Средства од 400.000 денари се издвоени и за Фросина Крушкаровска за настанот „Медиумот е порака: 25 години ‘Маргина’ и 10 години ‘Окно’, а за Есенски денови на музика во Ростуше, Галичник, на Катерина Станојевиќ 300.000 денари.

(Извор – А1он)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.