По објавената реакцијата на уметниците во врска со соопштението на Министерството за култура на 58 Интернационална ликовна изложба во Венеција национален претставник на нашата држава оваа година да биде проектот на Музејот на современата уметност „Субверзија во црвено“ од авторката Нада Прља, Министерството за култура одговори на нашите прашања.

Согласно документацијата која беше доставена од Музејот на современа уметност за претставување на проектот„Субверзија во црвено“ на авторот Нада Прља, комисијата за избор на претставник на Република Македонија на престижното Венециско биенале утврди дека просторот за изложување на проектот е обезбеден во соработка со фондацијата Gervasuti. Станува збор за просторот Santa Caterina Canova, кој е една од официјалните потврдени локации, претставени од дирекцијата на Венециското биенале. Напоменуваме дека ниту еден уметник ниту организација не добива лична покана за учество на оваа манифестација за национални павиљони туку секоја држава изразува интерес за учество и по изборот на претставникот за таа година, истиот го соопштува на дирекцијата на биеналето, соопштија од Министерството за култура.

Во однос на промена на составот на комисијата, од Министерството велат:

Според сознанијата со кои располага Министерството за култура, авторот Нада Прља не е дипломец на проф. Мирко Вујисиќ, туку на проф. Зоран Јакимовски. Составот на комисијата за избор на претставник на Венециското биенале е утврден со решението бр. 52-14819/1 од 27.12. 2018. Ова решение нема никакви измени, ниту за потребите на овој Конкурс со решение не е именувана друга комисија, информира Министерството за култура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.