Министерство за култура признава дека Дирекцијата на Македонскиот народен театар (МНТ) не знаеле дека ќе дојдат навивачи на „Шкупи“ и ќе го демолираат театарот во петокот.
Сметаме дека во институциите треба да има однесување како што налагаат кодексите за однесување во една институција од областа на културата.
Во МНТ во петокот било најавено одржување на два настани, свеченото одбележување на Денот на албанската азбука и проекција на документарен филм, но до Дирекцијата на МНТ воопшто не било најавено присуството на навивачката група, пишува во штурото соопштение од Министерството за култура.
Министерството за култура дозволи во петокот навечер во МНТ навивачите на Шкупи да прослават 30 години постоење.
„Шверцерите“ останаа доследни на своето име и се покажаа во „вистинско светло“ – се качуваа на столчињата, се нишаа држејќи се за шипките на горниот дел од галеријата, скокаа, свиреа, навиваа, дивееја…Сè она што редовно го прават по стадионите, во петокот уште посилно го правеа во највисоката театарска институција во Македонија.
„Шверцерите“ дивееја во МНТ и го искинаа тапацирот на столчињата во МНТ и ги откорнаа орнаментите од ѕидовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.