Министерот за култура Хусни Исмаили го посети археолошкиот локалитет „Градиште” – Девол град, кој се наоѓа на околу 2,5 км западно од селото Дреново, во близина на Кавадарци.

Toj се запозна со текот на истражувањата на локалитетот каде на површина од преку 10 хектари се наоѓаат остатоци од значајна пајонска населба односно градот Еударист,  од кој се сочувани одбранбените бедеми, големи подѕидини  од внатрешните тераси за живеење како и обработени мермерни блокови.

Раководителот на истражувањата Миле Велчовски пред министерот Исмаили го презентираше и богатиот движен материјал откриен од страна на стручните екипи од Националниот конзерваторски центар, како монети од различни временски периоди, фрагменти од садова и градежна керамика, разни калапи за производство, печки и друг материјал кој укажува на временски распон од архајскиот до хеленистичкиот период.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.