Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, соопштија од Министерството за култура.
Министерот за култура Асаф Адеми присуствуваше на Новогодишниот концерт на Виенската државна опера, кој годинава се одржа во чест на одбележувањето на 150-годишнината од основањето на оваа еминентна оперска куќа.
Министерот Адеми, заедно со претставници на Министерството за култура, овој ексклузивен настан го проследи на лична покана од директорот на Виенската државна опера, Доминик Мејер, со кого оствари и работна средба. На средбата со директорот на една од најзначајните оперски куќи во светот, министерот за култура Адеми разговараше за можностите за соработка меѓу оваа реномирана културна институција и националните установи од Република Македонија. Во рамките на престојот во Виена, министерот за култура Адеми се сретна и со светски познатиот виолинист Шкелзен Доли, кој е член на Виенската филхармонија,велат од Министерството за култура во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.