Министерот за култура Хусни Исмаили денеска во својот кабинет оствари средба со директор на Турскиот културен центар – Институт „Јунус Емре“, Серхат Кула.
Од Министерството информираат дека „на средбата министерот Исмаили и директорот Кула го изразија своето задоволство од досегашната соработка во делот на културата, а стана збор и за идните проекти со кои ќе се придонесе за развивање и продлабочување на пријателските односи и меѓукултурната соработка меѓу Република Македонија и Република Турција“.
Во тој контекст директорот Кула информираше за реализацијата на повеќе проекти, културни активности и курсеви, кои придонесоа за афирмација и презентација на Турција, турската култура, уметност, историја и традиција, како и за подоброто запознавање на турскиот и македонскиот јазик, културата и религијата на двете земји. Двајцата соговорници го изразија своето задоволство и од текот на активностите за заокружување на процедурата за отворање на Македонскиот културен центар во Истанбул, како и за процедурата околу објектот Куршумли ан, каде што ќе биде сместен Турскиот културен центар. На средбата министерот Исмаили подвлече дека токму отворањето на Културно-информативните центри во Скопје и во Истанбул, е уште една можност, локалните култури да добијат глобални размери, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.