Министерот за култура Асаф Адеми се сретна со амбасадорот на Република Словачка во Македонија, Хенрих Маркуш.
На средбата беа споделени искуства од неколкугодишната соработка во областа на културата и уметноста меѓу двете земји, која е регулирана со Договорот за соработка потпишан меѓу двете министерства.
Министерот Адеми и Н. Е. Маркуш ги потврдија заложбите за афирмација и зближување на двете култури за кои досега се залагаа двете земји, кои се забележуваат во преводната литурата, во гостувањето на словачки поети на Струшките вечери на поезијата, во учеството на македонски изведувачи на манифестации во Република Словачка, а говореа и за заедничките проекти во кои се вклучени двете земји, и тоа во меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, во одбележувањето на 24 Мај – Денот на словенските просветители Кирил и Методиј што секоја година се реализира во седиштето на УНЕСКО во Париз со пригодни настани, како изложбите: „Светското културно наследство на словенските земји“, „Мојот портрет за музејот“, „Главните градови на славјанските земји преку архивски материјал“ и „Словенските карневали“, како и во рамките на заедничкиот проект „На маса со Словените“. Во иднина се очекува соработка меѓу нашите две држави и во рамките на долгорочниот проект „100 словенски романи“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.