Асаф Адеми, министерот за култура поднесе оставка од функцијата поради, како што тој изјави, здравствени причини.

Тој одлуката ја соопшти денеска во седиштето на партијата, обраќајќи се пред новинарите прво на албански, па потоа на македонски јазик.

Денес сум овде да ве известам за одлуката која ја донесувме заедно сопретседателот на „Алтернатива“, и мој пријател Африм Гаши и другите колеги од централното претседателство. На последниот состанок на централното претседателство што се одржа на 22 април 2019 година јас побарав од претседателот и од централното претседателство да ми дозволат да се повлечам од функцијата Министер за култура. Моето побарување за повлекување е од здравствени причини, централното претседателство го прифати моето барање, но за да не влијаеме на изборниот процес на претседателските избори одлучивме тоа да го  објавиме по завршувањето на процесот. Во оваа прилика би сакал да изразам благодарност до претседателот на партијата и до колегите на централното претседателство кои ми дадоа полна доверба и поддршка, како и на сите други поддржувачи и соработници кои ја ценеа и помогнаа нашата работа околу Министерството за култура. Тоа беше предизвик за мене, да ја претставувам „Алтернатива“ на достоинствен и искрен начин и останувам оптимист дека успеав на оваа функција. Но, јавноста ќе оцени подобро и попрецизно. како и да е јас  продолжувам да опстојувам во мојата матична партија „Алтернатива“ и да им служам на новите задачи кои ќе ме чекаат во иднина. Исто така сакам да истакнам дека ова политичко искуство уште еднаш ме научи една работа: Во животот пред се важен е образот! Денес сум овде пред вас и пред сите граѓани исто како што бев и пред да станам министер. Немам потреба ниту да се кријам од никого, ниту пак да се жалам од никого.  Зборувавме за правда и јас владеев праведно, зборувавме за транспарентност и јас владеев транспарентно, зборувавме за морал и јас владеев со нула корупција, зборувавме за почитување на законот и денеска во Министерството за култура има унапредено десетици вработени кои никој со години никогаш не ги прашал од која политичка партија се. затоа ви велам дека ние не се срамиме да стоиме пред вас, а тоа треба да биде најважното нешто за еден политичар. Тука сакам да ве известам и дека мојата службена и формална оставка ја доставив до претседателот на Владата, господинот Зоран Заев на кого исто така му се заблагодарувам за коректната соработка и се до изборот на новиот министер ќе продолжам да ја вршам мојата должност, рече Адеми.

 

Како што кажа денеска на прес конфренцијата имал стент на срцето, а отавката одамна ја депонирал. Следнивте денови треба да се сретнат премиерот Зоран Заев и Африм Гаши, претседателот на Алтеринатива, партија од која доаѓа Адеми. Како што соопшти Адеми, министерското место останува на Алтернатива.

Настојував да нема корупција во периодот кога го раководев минитерството за култура. Работев транспарентно и ги унапредував вработените без да прашувам дали и на која политичка партија припаѓаат. Работев на унапредување на културната политика во општеството. Ќе бидам достапен за новиот министерот и ќе му помогнам во се што е потребно, изјави Адеми.

Тој соопшти дека ја најавил оставката на Заев и чекал да поминат претседателските избори за да ја соопшти на јавноста.

Мојата оставка нема вреска со “метлата’ која ја најави Заев, рече Адеми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.