Премиерот Заев денеска се сретна со в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски и в.д. директорката на НУ Завод и музеј, Охрид Елеонора Новаковска со претставници и претседателот на граѓанското здружението „Совест“, Михаил Трендафилов.

На средбата се разговараше за наследените проблеми за спорната градба без соодветна документација на дел од религиозен објект во центарот на градот и за изнаоѓање на решенија согласно закон, а се разговараше и за аспектите за заштита на културното наследство во градот Охрид кое е од заедничко значење за сите граѓани на Република Македонија.

Премиерот Заев посочи дека институциите ќе постапат согласно законите на Република Македонија и дека преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се изнајдат решенија во интерес на граѓаните на градот Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид, информираат од владината прес служба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.