За два дена почнува со емитување серијата “Црна Свадба”. Откупена е и во Македонија. Режијата е на Немања Ципранич а играат Уликс Фехмиу, Никола Којо, Јелена Џокич и многу други меѓу кои и јас во улогата на монахот Тихон.
Веќе се емитува серијата Авионџије а од декември почнува снимањето на новата сезона.
Убави работи кои, за жал, не ни се случуваат дома.
А да, сакав да ви кажам дека Данела, Пецак, Тони, и другите ќе победат во вториот круг – напиша актерот Тони Михајловски на својот фејсбук профил
Тој на овие локални избори влезе во трката за градоначалник на Куманово. Но, корона вирусот го спречи да ја заврши кампањата меѓу народот. Неговата кампања се одвиваше на социјалните мрежи. Михајловски не влезе во вториот круг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.