Откако е донесена одлука да се укинат националните пензии, реакции стигаат од сите страни. Реагираше актерот Тони Михајловски, кој истакнува дека изгубивме многу побитни работи од нациналната пензија. Што дозволивме да изгубиме, за што ни стана да се бориме…

Останавме без име, историја и јазик, но да не дозволиме да останеме без националните пензии и картите. Секако и без фестивалите. Тоа не смееме да го дозволиме.

Реакции имаше и од актерот Благоја Чоревски, кој изјави дека идејата да се укинат националните пензии за уметниците, воопшто не е добра и може да биде контарапродуктивна. Тој реагираше на свој начин.

„Случајни луѓе во Министерството (за култура) случајни управни одбори, решаваат за нешто за што може само да сонуваат дека би биле тоа што сме ние 72 привилегирани уметници. Мислам дека тоа е идиотизам. Будалаштина“, вели Чоревски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.