Седмиот меѓународен детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ ќе се одржи во периодот од 25-27 ноември во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) во киното „Фросина“, во организација на театарот „Сенки и облаци”.
Во програмата на годинешното издание се најавени претстави од Шпанија, Бразил и Македонија, анимација од Германија, работилници, инсталации и неколку изненадувања, информираат организаторите.
Цената на билетите е 150 денари и тие се продаваат на билетарницата на МКЦ, како и онлајн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.