Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во Крушево

Култура 10.05.2019 / 17:06

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ Скопје организира „Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ која оваа година ќе се одржи во Крушево од 10-ти до 12-ти мај.

На Конференцијата ќе учествуваат 110 библиотекари од сите библиотеки во Р.Македонија, како и гости од Србија, Бугарија и Германија. Конференцијата е под слоганот „Влези во дигитален свет“ и ја дефинира овогодишната тема – „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“ , соопштуваат организаторите.

Во рамките на Конференцијата ќе се одржат две работилници кои ги водат стручни професионални библиотекари:

Првата е „Гемификација во библиотеките“ нов тренд во библиотеките. Предавање и обука ќе одржи Мирко Марковиќ, библиотекрски советник од Интернет Клуб Србија.

Втората е „Стратешките принципи и цели на дигитализацијата“.

Предавачи на оваа тема се професионални библиотекари од Универзитетската и Народната библиотека  од Белград, д-р Адам Софрониевиќ и Мирољуб Стојановиќ и Hartmut Janczikowski од Германија. Искуствата и знаењата од Конференцијата ќе бидат архивирани и ќе послужат за идни обуки на сите вработени во институциите чија задача е дигитализирање на културното наследство.

„Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци“ е дел од Програмата во областа на културата од јавен интерес за Град Скопје за 2019 година и целосно подржана од Градоначалникот на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.